По победата на Украинците во минатогодишната евровизија, натпреварот по традиција требаше да се одржи во нивната земја, но поради нападот од Русија, натпреварот оваа година ќе се одржи во Ливерпул во Обединетото Кралство.
Првото полуфинале ќе се одржи денес (9 мај 2023), второто полуфинале ќе биде во четврток (11 мај 2023) и големото финале ќе биде во сабота (13 мај 2023).
Сите три емисии во живо ќе започнат во 21:00 часот по средноевропско време, а водители ќе бидат Џулија Санина, Греам Нортон, Хана Вадингам и Алеша Диксон.