Категории

Денеска е Светол или Велигденски вторник. Погледнете што треба да направите, и кои се обичаите.

Големиот камен со кој бил затворен Христовиот гроб бил тргнат, а гробот празен. На каменот седел ангел Божји, со лице како молња и одежда бела како снег.

Стражарите – војници биле вкочанети од страв, а тогаш им се обратил ангелот: „Не се плашете, зошто знам дека го барате распнатиот Исус. Не е тука зошто стана. Одете брзо и кажете им на неговите ученици дека Воскресна.

Жените и збунетите војници веднаш се стрчале во градот за да ги известат еврејските поглавари за тоа што виделе, а народот многу се израдувал.

Поради тоа единствена работа која овие три дена верниците мора да ја почитуваат, е да споделат радост со блиските.

Народното верување вели дека оние кои не го почитуваат ова едноставно “правило“ му пркосат на Бога и Христа и нема да им оди во животот „како што треба“.

1 2

Прегледи:
753
Објавено на:
03.05.2016