Категории

Денеска се празнува Успение на Св. Ана: Се верува дека таа е надеж за неплодните жени!

Денеска е 25. јули според Јулијанскиот календар и на овој ден се празнува Успение на Св. Ана, мајката на Богородица.

Света Ана е мајката на Богородица. Денес се празнува нејзиното успение, а нејзиниот главен празник паѓа во месец септември. Света Ана потекнуваше од Левиевото колено (еврејско свештеничко колено). Татко и беше свештеник по име Матан. Проживеа долг и богоугоден живот и во длабока старост се претстави пред Бога.

Света Ана е надеж на неплодните и на оние кои не можат да родат. И таа заедно со нејзиниот сопруг светиот Јоаким со горешти молитви, солзи, постојани молби го умолија Бога да им даде дете. Конечно, Бог ги слушна нивните моитви и во 69 година од животот се удостои да стане мајка на мајката на Богочовекот, нашиот Господ Исус Христос. Затоа во продолжение ја изложуваме нејзината молитва кон Господ.

„Господи Седржителу и Сесилен, Кој само со збор си го создал небото и земјата и сѐ што се гледа околу нас, Кој си ги избавил нашите татковци од рацете на Фараонот, Кој со Својата заповед го раздели морето и паднаа во него Египтјаните. Ти, Боже, Кој ги хранеше 40 години во пустината, Ти, Кој си ја благословил Сара, жената на Авраам и го роди Исаак во своите стари години, Ти, Кој ѝ подари на онаа Ана и таа го роди Самуил пророкот. Ти, дај ми и мене, на Твојата слугинка, дете, и не оставај ме да бидам посрамена и понижена во сиот мој род. Господи Боже мој, та не сум ли и јас како едно од животните? Зошто се разгневи на мене и ме остави неплодна? Ти, Кој ги благослови созданијата и рече: „Плодете се и множете се“, дај ми и мене семе и плод на утробата, и ако родам било машко, било женско, да Ти го подарам со сета моја радост и да го донесам во Твојот храм и да Ти го посветам Тебе“.

Прегледи:
645
Објавено на:
07.08.2019