Категории

Дете му го понудило својот дом на Сириец и го трогнало светот: Нека дојде кај нас, ќе му бидеме семејство, а тој наш брат

Писмото кое 6-годишното дете го пратило до американскиот претседател Барак Обама, а во кое нуди дом во своето семејство за дете од Сирија, со неверојатна брзина се проширило на интернет.

Малиот Алекс од Њујорк одлучил да напише писмо, ни повеќе ни помалку, до американскиот претседател, откако ја видел потресната снимка со крвавиот Омран Дакуниш , која го обиколила светот и предизвикала бурни реакции, пишува BBC.

Писмото дошло и до Обама, кој го прочитал во ОН и кажал дека го напишало дете “кое сè уште не научило да биде цинично или плашливо”. Покрај тоа, ја споделил и приказната на својата страница на Фејсбук, каде била споделена речиси 120.000 пати, и има повеќе од 4.000 коментари и околу 180.000 лајкови.

 

Алекс го започнал писмото: “Драг претседателе Обама, се сеќавате ли на детето кое го спаси итната помош во Сирија? Можете ли, ве молам, да отидете кај него и да го донесете кај нас? Ве чекаме со знамиња, цвеќе и балони. Ќе му бидеме семејство и тој ќе биде наш брат”.

Американскиот претседател го цитирал писмото на состанокот на ОН, чија тема била бегалската криза, а потоа и самиот Алекс го снимиле како го чита писмото.

“Сите треба да бидеме како Алекс. Замислете како ќе изгледа светот доколку е така. Замислете колку животи би можеле да спасиме”, напишал Обама на Фејсбук. Ги повикал развиените земји да направат повеќе и да помогнат во бегалската криза.

Прегледи:
618
Објавено на:
23.09.2016