Категории

Децата од напредната група на IThink Академијата при Сеавус Едукативниот Центар беа дел од светската недела на програмирање

Академијата IThink  при Сеавус Едукативниот Центар, веќе втора година по ред ги запознава децата со вистински дизајн на веб-страници и процедури за креирање и одржување. Целта е да се визуелизираат, графички да се креираат елементите на страницата и да се продолжи со процесот сѐ додека страната не се создаде.

Оваа недела со децата од напредната група на IThink се одржа час во чест на светската недела на програмирање и тие беа дел од глобалниот настан Hour of Code .

Овој глобален настан е организиран од страна на непрофитната огранизација code.orgОва глобално движење го следат преку 180 земји и само во 2018 се регистрирани преку 200.00 настани од различни училишта во светот, вклучувајќи ја и нашата академија за деца – IThink Academy.

На овој настан, децата програмираа видео игри и потоа нивните игри можеа да ги играат децата од целиот свет.