Категории

Девојка со ретка болест ги руши стандардите за убавина

Совршените едиторијали и модни кампањи на пиедестал ја ставија таканаречената идеална женска убавина, а ако таа не постои тука е Photoshop да ја поправи. Онаа беспрекорност во која не се дозволени ни бемки ни стрии, но се почесто сведочиме на “поинакви” едиторијали во кои жените без ретуширање ја претставуваат својата природна убавина.

Најпознат модел кој отстапи од толпата и беше повикан за заштитно лице на многу престижни модни куќи само поради тоа што има ретка болест на кожата е Winnie Harlow,
а по нејзините чекори сега тргна и Sara Geurts, 26-годишата девојка од Минесота, која пати од Етлерс-Данлосовиот синдром, наследна болест на зголемен колаген на кожата, преголема еластичност на зглобовите и мекост на ткивото што доведува до можност за нејзино растегнување. Сара била дијагностицирана со оваа болест на 10-годишна возраст, и се до сега се обидувала да го прекрие растегнувањето на кожата.

Но денес таа преку друштвените мрежи ја промовира индивидуалната убавина, и позитивниот став према своето тело нагласувајќи го тоа дека токму индивидуалноста е она што не прави убави.
“Мојата главна цел е преку моделството и покрај мојата болест е желбата зс рушење на друштвените норми и тие слики на совршеност кои секојдневно ги гледаме во списанијата. Важно е да покажеме дека нашата несовршеност и уникатност е она што ја сочинува вистинската убавина”, вели Сара.

 

Прегледи:
372
Објавено на:
07.07.2017