Категории

Џастин Тимберлејк ќе настапи на Евровизија

Светската ѕвезда Џастин Тимберлејк премиерно ќе ја изведе својата нова песна за време на финалето на Евросонг, сабота 14 мај.

Првпат во историјата на Евровизија светска ѕвезда, која не се натпреварува во изборот, ќе се појави на сцената на Евросонг во Стокхолм и ќе ја отпее песната „Can’t stop the felling“.

– Многу сме среќни и возбудени затоа што Џастин Тимберлејк ќе отпее нова песна. Ќе биде посебно затоа што песната со Џастин заедно работеа шведските текстописци Макс Мартин и Шелбек, изјави Свен Стојановиќ, продуцент на овогодинешниот Евросонг.

Прегледи:
487
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
10.05.2016