Џенет Џексон прв пат е видена во јавност откако во Април оваа година ја прекина турнејата со објаснување дека таа и сопругот во тој момент мора да се посветат на создавање семејство.
Тогаш почна шпекулациите за нејзината бременост, но тоа беше потврдено од нејзините браќа кои во одделни интервјуа ја потврдија веста.
Сега Џенет Џексон, која инаку од 2012 година е во брак со 41 годишниот катарскиот бизнис магнат Висар Ал Мана, прв пат е забележана во јавност во Лондон кога излегувала од продавница, каде меѓудругото се продаваат и колички и креветчиња за бебиња, што значи Џенет ужива во бременоста и се спрема за пристигнувањето на нејзиното прво дете.