Категории

Џенифер Лопез блеска во најновото модно издание!

Славната актерка Џенифер Лопез (48) привлече огромно внимание со појавувањето на доделувањето на Билборд музичките награди во Лас Вегас.

Таа ја воодушеви публиката со бордо фустан кој  го носеше на црвениот тепих. Сепак, многумина гледаа во други детали – длабокото деколте и шлиц кој ги откри нејзините нозе.

Џеј Ло под фустанот носеше плишан градник во истата боја, а комбинацијата ја довела до совршенство со бордо чизми со висока потпетица и мала чанта во истата боја.

Прегледи:
332
Објавено на:
22.05.2018