Доаѓа нов бренд за убавина на Џенифер Лопез! Откако го помина ова лето потенцирајќи на неколку наврати за „топ-таен проект“ на Инстаграм со серија селфи и #TBT слики со гламур снимки, Џенифер Лопез конечно ја објави веста.
Таа започнува свој сопствен бренд за убавина: J.Lo Beauty.
Џеј Ло ја објави веста на 23 август со тоа што на своите следбеници им овозможи да ѕирнат во својата нова линија за убавина со селфи насловено како „Sunset glow.“.
Во нејзиниот пост, ѕвездата носеше светкава шминка на своето лице, вклучувајќи бакарна сенка, хајлајт, бронзер и сјај за усни.
Таа во описот на објавата додаде и „#jlobeauty доаѓа наскоро“, потврдувајќи го започнувањето на сопствената линија. Иако сè уште не знаеме многу за J.Lo Beauty, пејачката не е нова во индустријата за убавина. Франшизата на парфеми на Лопез се состои од 25 парфеми, вклучувајќи го и нејзиниот најнов мирис – ,,Prоmise” .
И во 2018 година, Џеј Ло и нејзиниот долгогодишен makeup артист Скот Барнс соработуваа со Inglot Cosmetics на успешна колекција на производи инспирирани од бронзираната шминка на Лопез која беше наречена бронзена божица. Судејќи според шминката што ја носи во своето селфи со кое ја објави веста, J.Lo Beauty најверојатно ќе ги вклучи сите производи што ви се потребни за да го добиете нејзиниот сјај и да заблескате!