Категории

Добрите луѓе сјаат како дијаманти и кога ќе ги врлиш во кал – Лошите се самите кал!

Луѓето се залажуваат и мислат ако си толерантен дека си глуп! Но тоа не значи така. Затоа што твоите родители те научија да го живееш животот со чувство на почит кон секое човечко суштество. Да ги разбираш чувствата што ги има човекот. Да го почитуваш сечиј став исто како што би сакал другите да го почитуваат твојот. Но, не сите родители го научија истото. Или не сите родители не научија што е потребно. А тоа е да се почитуваат другите. Да не ги искористуваме другите, во најмала рака да се биде човек.

Има луѓе кои се ретки и кои ги гледаат валканите игри околу себе, ги разбираат намерите на луѓето со кои не се гордеат многу, но нема јавно да ги имејуваат или осудат. Веќе дискретно ќе им стави до знаење дека тоа не е во ред. Тоа е големината што малку луѓе ја ценат. Тие се најдобрите луѓе. Во свет каде повеќето за жал возвраќаат со иста мерка. Или уште полошо, удираат таму каде што другиот е најслаб и каде што пука најпрво. А малкуте луѓе кои сè уште имаат чувства за другите се тука да кажат: Сè уште има надеж за овој свет.

Прегледи:
881
Објавено на:
11.11.2021