Категории

Додека Оскарите не нè раздвојат: Овие ѕвезди освоиле Оскар и останале сами

Се сеќавате дека Квентин Тарантино беше во врска со Мира Сорвино? А Џулија Робертс со Бенџамин Брет? Некои од овие парови паднаа во колективен заборав по ноќта на Оскарите.

Јубилејното 90-то доделување на Оскарите се одржа вчеравечер, во недела во Лос Анџелес. Земајќи ги во обзир претходните доделувања, многу веројатно е дека некои парови откако ќе завршат Оскарите нема да бидат толку среќни и заљубени.

Хелен Хант и Ханк Азариа

Хелен освоила Оскар за најдобра актерка во 1998 година. Тој период била во четиригодишна врска со актерот Ханк Азариа. Го споменала во говорот како „најдобриот маж кој што го запознала“. Парот застанал пред олтар веќе следната година, но во 2000 година е ставен крај на овој брак.

Џина Дејвис и Џеф Голдблам

Актерката во 1989 година е наградена со златна статуетка од Академијата. Таа година Џина и нејзиниот сопруг Џеф ја прославиле втората годишнина од брак. Во нејзиното излагање му се заблагодарила на својот сопруг. Парот се разделил на крајот на 1990 година.

Анџелика Хјустон и Џек Николсон

Анџелика на доделувањето на Оскарите во 1986 година дошла во придружба на својот дечко Џек Николсон. Таа вечер освоила награда за најдобра споредна актерка. Пред да ја земе статуетката, го гушнала Џек, но не го споменала во говорот. Актерскиот пар во тој момент веќе бил во турбулентна врска која често била прекинувана. Раскинале по три години од доделувањто на Оскарите. Анџелика потоа се омажила за Роберт Грем со кого била се до неговата смрт во 2008 година, а Николсон добил две деца со келнерката Ребека.

Бен Афлек и Гвинет Палтроу

Гвинет раскинала со Бен вечер пред доделувањето на Оскарите, каде што добила награда за најдобра актерка во 1999 година. Во говорот при подигањето на наградата, му се заблагодарила на својот „пријател Бен“. По завршувањето на таа вечер, парот стапил повторно во врска, а конечниот крај се случил веќе во средината на следната година.

Џулија Робертс и Бенџамин Брет

Актерката во 2001 година е наградена за улогата на Ерин Брокович во истоимениот филм. Дотогаш била во тригодишна врска со актерот Бенџамин Брет. Во својот говор, Џулија го споменала помеѓу другите луѓе на кои им е благодарна и не додала ништо повеќе. Парот раскинал неколку месеци по таа ноќ.

Мира Сорвино и Квентин Тарантино

Актерката на доделувањето на Оскарите во 1996 година, дошла во придружба на својот дечко Квентин Тарантино. Таа ноќ добила златна статуетка за споредна улога. Се заблагодарила на своите пријатели, но не го споменала Квентин. Парот раскинал на почетокот на 1998 година.

Рене Зелвегер и Џек Вајт

Актерката во 2004 година била во врска со музичарот Џек Вајт кога освоила Оскар за улогата во филмот „Ладна планина“. На доделувањето не го повела Џек со себе, туку дошла во придружба на својот менаџер. Во текот на својот говор, ја спомнала целата постава во филмот, меѓу кои бил и Вајт, кој и се придружил на забавата по доделувањето. Парот раскинал истата година, по две години врска.

Прегледи:
496
Објавено на:
05.03.2018