Ви откриваме која храна треба да ја избегнувате пред спиење, но и кои намирници поттикнуваат ослободување на хормонот мелатонин кој е одговорен за квалитетниот сон.
Одредена храна го ремети сонот, но постојат и намирници кои се препорачува да се јадат пред спиење бидејќи поттикнуваат квалитетно спиење. На пример, мисирката е добар избор бидејќи содржи големи количини на триптофан – амино киселина која помага во ослободување на мелатонин.
Трипофанот исто така се наоѓа и во други видови на храна кои се богати со протеини, а недостатокот на овој хормон доведува и до недостаток на серотин – познат како хормон на среќата. Исто така, доколку сакате добро да се наспиете, не јадете по 20 часот и избегнувајте алкохол.
Намирници кои помагаат добро да спиете:
- мисиркино месо
- пилешко месо
- риба
- јајца
- млечни производи
- свежи цреши
- сушени цреши
- сок од цреши
- авокадо
- банани
- мед
- бадеми
- ореви
- овес
А ова се намирниците кои не треба да ги внесувате доколку сакате добар сон:
- мрсна храна
- пржена храна
- чипс
- сладолед
- многу зачинета храна
- алкохол
- кафе