За подготовка на прженици од зачински растенија ќе ви бидат потребни следни состојки:
- 40 гр свежа мајчина душица
- 40 гр. свеж босилек
- 40 гр свежо оригано
- неколку семки коријандер
- 50 гр презла
- 25 гр ореви
- 8 јајца
- сол и бибер
- маслиново масло
Подготовка:
Исечкајте ги растенијата, потоа направете смеса во која ќе ги измешате растенијата со јајцата, семките од коријандер, презла и ореви. Ставете малку маслиново масло во тавата, загрејте го маслото и пржете ги плескавиците додека не добијат златна боја.
Добар апетит.