Категории

Домаќинот Франција го победи Исланд со 5-2, и закажа закажа полуфинале со Германија

Португалија-Велс и Германија-Франција се полуфиналните парови на 15. Европско првенство во фудбал кое се одржува во Франција.

Во последното четвртфинале вечерва на „Стад де Франс“ во Париз го видовме најефикасниот и најотворениот натпревар на првенството со дури седум погодоци, поточно „триколорите“ го победија малиот Исланд со 5:2.

Се беше решено во првото полувреме кога домаќините дадоа дури четири гола и тоа преку Жиру, Погба, Паје и Гризман. Исланѓаните преку Сигторсон во 56 намалија на 4:1 за да три минути подоцна во листата на стрелците одново се запише Жиру.

Точка на голеадата стави Бјарнасон во 84 минута.

Како и да е Исланд со крената глава го завршува својот дебитански настап на ЕП, додека пак Франција ја очекува мега пресметка со Германија на 7 јули во Марсеј.

 
||||||—F5…..:::2…….I—|||| by fantasticfootball


^^ by arcturusmedia33

Прегледи:
448
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
03.07.2016