Категории

Домашен пилинг против целулит од само 2 состојки

Повеќето жени страдаат од целулит, но со пилинг направен од само две состојки можете да ја намалите видливоста на „кора од портокал“ на вашето тело.

Се што ви е потребно за овој домашен антицелулитен пилинг е грубо мелен кафеав шеќер и малку маслиново масло. Со својата груба структура, шеќерот ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја стимулира циркулацијата на крвта, а маслиновото масло гарантира дека пилингот полесно се нанесува на кожата и ја храни.

Подготовка и примена:

1. Измешајте ги овие две состојки во сад со размер 1:1

2. За време на туширање, со кружни движења втријте го пилингот, а потоа исплакнете го

3. За уште подобар ефект, пожелно е деловите од телото погодени од целулитот наизменично да се тушираат со топла и ладна вода.

Овој пилинг треба да се прави два пати неделно, бидејќи ги отстранува мртвите клетки, а со тоа ја подобрува циркулацијата, што доведува до тоа целулитот да биде помалку видлив.

Секако, не заборавајте дека во борбата против целулитот подеднакво се важни здравата исхрана, внесувањето доволно течности, како и редовната физичка активност.

Прегледи:
369
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
16.06.2022