Категории

Дознајте каква приказна се крие зад познатиот хит „Не кани ме“

Баладата „Не кани ме“, која во една пригода беше прогласена за фолк-хит на деценијата, е дело на композиторот Орце Лазаров, но зад истата се крие вистинска љубовна прикана, пишува Дневник.

– Музичката линија се роди пред осумнаесет години. Ја создадов од срце, искрено и без претензии дека мора да биде хит. Во тој период се случи несреќата со Владимир Нејашмиќ-Бато, текстописец и композитор и комплетно заборавив на песната, која сè уште немаше текст. Фолк – пејачот Миле Kузмановски сакаше да земе моја композиција. Додека ги преслушувавме, тој ја „пронајде“ токму таа, раскажува Лазаров за Дневник.

Авторот на стиховите за „Не кани ме“, Борче Нечовски, има своја приказна за создавање на текстот. Таа се родила за време на „Фолк-фест Валандово“, на една од прочуените постфестивалски забави во дојранската кафеана „Фук так“.

– Не сакам да откривам детали бидејќи се работи за вистинска, но премногу чувствителна приказна. Во прашање се семејни релации и доколку кажам повеќе, може само да им наштетам на одредени луѓе, објаснува Нечовски за весникот.

Тој нагласува дека нема рецепт за добра песна. Kако еден од најплодните пишувачи на домашната фолк-сцена за Дневник вели дека одредени изведувачи му нуделе премија и до 5.000 евра за да им направи стихови како од „Не кани ме“.

Како настанале композициите и текстовите на дел од македонските хитови прочитајте во Дневник.

https://www.youtube.com/watch?v=HAxOHDGXP1Y

Прегледи:
1089
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
04.01.2017