Категории

Дознајте кои бои најубаво им прилегаат на бринетите?

Прашање од читателка: Во мојот плакар доминираат темни тонови (црна, сива, тегет, маслинеста…), а јас сум решена да го сменам тоа. Сакам да носам и некои други бои. Инаку, бринета сум, со светол тен и очи… Мина (32)

Oдговор: Гардеробата освежете ја со парчиња во пастелни нијанси, но и со некој кралско-син фустан кој ќе ја истакне убавината на вашиот тен и бојата на очите. Играјте си со боите, изберете ги оние што најмногу ве привлекуваат. Повеќето жени можат да ги носат сите бои. Сепак, непишано правило е дека бринетите и жените со темен тен прекрасно изгледаат во жолта боја и во циклама. На русокосите убаво им прилегаат пастелни нијанси на сина, виолетова и на кајсија, како и светли бои – беж или бела. Црвенокосите девојки одлично изгледаат во земјени тонови, маслинесто-зелена и беж боја, но и во зелена која ја истакнува огнената нијанса на косата.

Прегледи:
494
Објавено на:
24.08.2016