Категории

Duvet jackets: Необични јакни одлични за есен/зима 2019 година!

Во 2018 година цел свет полуде за teddy јакни кои со својот изглед наликуваа како крзнено плишано  мече, а оваа година добија уште поудобна замена.

Станува збор за јакни со пердуви кои изгледаат како зимски прекривки за кревет, па затоа добија и име кое им прилега – Duvet jackets.

Овие јакни не се нови во светот на модата со оглед дека дизајнерите последниве неколку години дизајнираат слични типови, но 2019 е годината кога нивната популарност ќе достигне врв.

Покрај тоа, одлично им одговараат скоро на сите и се толку удобни што можете лесно да заспиете во нив.

Нема да зажалите ако одлучите да го купите овој модел на јакна, бидејќи, освен во есенските денови таа ќе ви биде добра и кога ќе падне снег.

Прегледи:
472
Објавено на:
14.10.2019