Ќе уживате во вкусот на овој специјалитет!
Потребни состојки: 500 гр сладолед, 2 јајца, чаша корнфлекс, лебни трошки или мелени бисквити, половина лажичка пченкарен скроб, 2-3 лажици шеќер, 2 лажици брашно од кокос, 1 лажица свежо млеко, масло за пржење.
Подготовка: Направете топки сладолед и ставете ги во замрзнувач еден час. Во блендер изблендирајте го корнфлексот, брашното од кокос и шеќерот. Изматете едно јајце со свежото млеко и растворете го пченкарниот скробот во него.
Извалкајте ги топчињата сладолед прво во смесата со јајца, а потоа во сувата смеса и вратете ги во замрзнувач уште еден час.
Изматете го и другото јајце, повторно извалкајте го сладоледот во него и ставете го во многу загреано масло неколку секунди. Послужете го веднаш пржениот сладолед декорирајќе го со овошје. Уживајте!