Категории

Егзотика на трпезата: Mарокански погачи и печено пиле на марокански начин

Мароканската кујна е позната по својата вкусна храна полна со зачини. Денес за вас издовивме 2 рецепти: марокански погачи и печено пиле на марокански начин.

Марокански погачи

Состојки:

  • квасец – 15 гр
  • вода – 250 ml
  • сол – 1 лажичка
  • шеќер – 1 лажичка
  • масло – 2 лажици
  • сенаменско брашно

Подготовка:

Замесете тесто од напишаните состојки, потоа поделете го на 8 топчиња од кои ќе замесите мали погачи со дебелина од 2-3 милиметри. Намачкајте ги со масло од двете страни и оставете ги да стојат 20 минути. Потоа пржете ги на тава двете страни (на тивок оган) неколку секунди.

Печено пиле на марокански начин
Состојки
:

  • пиле – 1,75 кг
  • кромид – 2 глави
  • лук – 1 чен
  • магдонос, коријандер
  • црвен пипер – 1,5 кафени лажички
  • чили пиперка – по желба
  • ким – 1-1,5 лажички
  • путер – 3 супени лажици
  • 1 лимон
  • сол

Подготовка:

Исечете го пилето на половина, потоа пресечете го на помали парчиња. Додадете лук, зачини и сол. Потоа додадете го путерот и направете мазен намаз. Премачкајте го пилето со оваа смеса. Загрејте ја рерната на 200 степени. Пилето ставете го во сад за печење, додадете сок од лимон и печете 60-80 минути.