Категории

Екипата на „Медена земја“ рамо до рамо со најпознатите холивудски актери! (ФОТО)

Екипата на македонскиот документарец „Медена земја“ се дружеше со најголемите холивудски ѕвезди вчера во театарот Долби Лос Анџелес. Причина за тоа беше традиционалниот ручек кој Академијата за филмска уметност и наука го организра во чест на номинираните за Оскарите.

„Да појаснам. Не стоев јас до него… Тој стои до мене. (Јас имам две номинации оваа година)“. Вака се пошегува Тамара Котевска на Фејсбук споделувајќи фотографии на кои стои до холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо.

„Медена земја“ е номиниран во две категории на Оскарите: за најдобар странски филм и најдобар документарец. Доделувањето на 92. Оскари е на 10 февруари вo Холивуд.