Категории

ЕКСКЛУЗИВНО ОД ЛАС ВЕГАС ВО СКОПЈЕ: CHIPPENDALES ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА СО СВОЕТО ШОУ!

Авалон Продукција највува ултимативна женска забава! Најголемата стрип танчерска трупа на светот на сите времиња CHIPPENDALES за прв пат доаѓа во Скопје.

CHIPPENDALES кои со професионалната сценска продукција и фантастична кореографија помогнаа стриптизот да биде прифатен како забава и спорт низ целиот свет, за прв пат ќе имаат можност да ги гледаат и нашите дами, на 20ти март, во хотелот „Александар Палас“.

Нивната приказна започнала уште во 1979 година во Лос Анџелес, како прва професионална машка танцова трупа, која многу брзо почнала да го освојува светот каде и да настапува. Квалитетот на нивната кореографија и изведба го помогнал прифаќањето на „The Male Review Show“ како забавна и популарна форма. Со комбинација од креативни танцови точки, пеење и стриптиз, дефинитивно момците од CHIPPENDALES ги оживуваат класичните фантазии и истите ги претвораат на сцена во егзотични искушенија.

Трупата во моментов брои 48 машки танчери. Меѓу нив има студенти, професори, веб дизајнери, фотографи, брокери, војници, пејачи, кик боксери… Настапуваат годишно во над 25 земји од светот или пред повеќе од еден милион жени, а нивното шоу за многумина е „The Ultimative Girls Night Out“ доживување.

Денес, оваа компанија продуцира повеќе претстави во светот, вклучувајќи ги и постојаните претстави на Бродвеј и во Лас Вегас. Тие се постојана атракција каде и да настапуваат, а како гости им се приклучуваат дури и светски ѕвезди. Во моментов, друштво им прави супермоделот Тајсон Бекфорд.

Влезниците кои ќе бидат во строго ограничен број (само 1.200 влезници), ќе бидат пуштени во продажба од понеделник преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по цена од 1500 денари, а резервации ќе може веднаш да се прават на телефоните (070/260-350 и 070/229-799 од 10 до 16часот).

Прегледи:
397
Објавено на:
17.12.2016