Категории

Ексклузивно писмо од Анџелина Џоли : „На светот му се потребни повеќе вештерки!“

Откако знаеме за Анџелина Џоли, знаеме дека тоа е жена која поседува смелост, жестокост и свој став а поради тоа е и една од најинспиративните личности на денешницата.

По повод промоцијата на продолжението на еден од нејзиниот најпознати филмски наслови – “Maleficient – Mistress of Evil”, Анџелија даде ексклузивно интервју за америчкото издание на магазинот Elle.
Темата на разговорт се однесуваше на Maleficient жената, но не во филмска смисла.
Во превод насловот на овој филм би значел некој кој е зол и жесток, а никој подобро од неа не би се вклопил во улогата на злобницата од познатата Дизниева бајка за Заспаната убавица.

Ликот од култната бајка низ историјата претставувал инспирација од жените кои живееле одамна и биле оптужувани дека се занимаваат со вештерство, а причините за тоа биле: Независноста и слободата на однесување околу нивниот сексуален живот, слободата на говорот на бројни теми, а особено политичките ставови, власта и религијата, или едноставно само затоа што се облекувале на необичен начин. Во минатото речиси секоја жена можела да биде обвинета за вештерство, а причините за тоа биле со цел таа да се замолчи и да се стекне контрола врз неа, а тоа било правило кај сите култури и трае се до денес.

За такви денес се сметаат жените кои се борат за своите права, и во многу земји тие се етикетирани како лоши мајки, тешки и дивијантни.

„Како амбасадор на Обединетите нации патувам често во земји во кои поради моето однесување и начин на размислување би завршила позади решетки или генерално би била изложена на опасност.“

„Застрашувачки е податокот дека дури 650 милиони девојки ширум светот мораат присилно да пристапат во брак пред својата 18 година. Не можам а да не погледнам во минатото и да не се запрашам, зошто толку долго време е потрошено во тоа жената да биде задржана на втората позиција? Ако ги погледнеме од оваа перспектива тие „вештерки“ можеме многу лесно да увидиме какви се само жените кои се уморни од неправда или злоставување. Жените кои одбиле да ги следат правилата посакувајќи да ги следат своите верувања. Жените кои не се откажале од борбата за своите права, по цена на смрт, затвор и откажување од семејството и пријателите.“

„Доколку ова навистина е толку лошо, тогаш на светот им се потребни многу повеќе лоши жени, како што тие ги нарекуваат „вештерки“!“

„Кога размислувам на оваа тема, размислувам и за одредени мажи. Неретко се сеќавам на еден татко кој го запознав во камп на белаци во Пакистан во текот на владеењето на талибанците. Тој човек бепе смртно претепан поради тоа што ја запишал својата ќерка во училиште.“

„Како жени ние често можеме да скренеме од патот, затоа што нашите природни инстинкти не водат кон улогата на оние кои негуваат и се грижат, како оние кои се прилагодуваат кон очекувањата од околината,
Задачата да се запрашаме себеси кои сме навистина и какви сакаме да бидеме во овој живот, не за она што мислиме дека другите би го прифатиле туку она кое што сме навистина, е исклучиво тешка.“

„Често им кажувам на своите ќерки дека најважната работа која можат да ја направат е да го развиваат својот ум. Секогаш можете да облечете убав фуста, но не е важно тоа што го имате однадвор туку ако тоа што го имате во вас – вашиот ум, не е силен. Нема ништо по привлечно и магично од жена која е независна и со став.“

„Со љубов, кон сите жестоки жени и мажи кои ги разбираат!“