Категории

Елса Хоск е кралица на високите чизми

Како што веќе знаете, чизмите над колена се еден од најпопуларните трендови оваа сезона па ни доаѓаат во сите можни бои и од секакви видови материјали. Особено популарни се кожните и оние од кадифе.

Трендсетерките ги обожаваат па ги комбинираат речиси со сите парчиња од гардеробата, здолништа, фустани, фармерки.. Модните критичари го уловија ‘ангелот’ на Victoria’s Secret – Елса Хоск како ги носи во три супер шик и кул стајлинзи. Во елегантна варијанта со свечена долга тоалета, во кежуал шик со краток тексас фустан и во опуштена комбинација со фармерки и маичка.

Прегледи:
414
Објавено на:
03.12.2017