Младата актерка Ема Вотсон, како амбасадор на добрата волја на Обединетите Нации, имаше уште еден значаен говор на последното генерално собрание, во однос на родовата еднаквост.
Имено, Ема ја води кампањата HeForShe, чија цел е и мажите да се ангажираат околу еднаквите права, можности и услови во општеството меѓу мажите и жените.
Неодамнешниот проект од кампањата за кој говори Ема се состои од залагање и имплементирање на 10 значајни универзитети во светот, на подобри услови за живот на жените на кампусите и на универзитетот воопшто.