Ешли Тисдејл објави дека го чека своето прво дете со шестгодишниот сопруг Кристофер Френч, позирајќи на слатка фотографија на Инстаграм, држејќи го трудничкото стомаче.
Ешли постави две фотографии од неа и Кристофер во соодветни бели облеки, а парот изгледаше сакано, додека тој ја потпираше неговата глава на нејзината.
View this post on Instagram
На втората фотографија, двајцата се гледаа во очи додека широко се насмевнуваа (врти десно).
View this post on Instagram
Поранешната ѕвезда од ,,High School Musical” им дозволи на фотографиите сами да зборуваат и ги постави без наслов.
Нејзините 12,8 милиони следбеници се надоврзаа на оваа слатка објава, и за неколку минути се собраа повеќе од 773 000 лајкови.
Голем број нејзини следбеници и пријатели напишаа коментар, вклучувајќи ја и нејзината колешка-звезда на Дизни, Ванеса Хаџенс, која глумеше како Габриела заедно со Ешли во ,,High School Musical” – таа напиша: „Најслатко нешто!“. Ема Робертс, која исто така е бремена со своето прво дете, остави низа емотикони срце. Хејли Даф искоментира: “Го чекав ова! Едвај чекам! Најдобро комбо мама и папа!”
Честитки до идните нови родители!