Романтичниот крој и светлите бои одлично и прилегаат на убавата актерка.
Важи за една од подобро стилизираните јавни личности, а познатата актерка Ева Лонгорија уште еднаш покажа дека знае како да избере. Иако е тешко да се најде модел на фустан кој добро и одговара на секоја жена, го нагласува најубавиот и ги прикрива недостатоците, Ева Лонгорија (46) покажа дека знае како да биде на ниво на задачата. Овој фустан е токму таков, така што во него, секоја фигура изгледа како песочен часовник, а струкот изгледа многу потенок.
Иако бојата на фустанот е светла, благодарение на кројот, ќе изгледате неколку килограми потенки. Актерката направи полн погодок кога станува збор за обувки, па класичните сандали одлично се вклопуваат. Ако барате идеален фустан, ова е вистинскиот избор. Нема да излезе од мода наскоро, а бојата е идеална и добро им одговара на сите. Покрај тоа, може да се носи во текот на целата година. Изгледа одлично во комбинација со сандали, но ќе изгледа исто толку убаво во комбинација со чизми.
View this post on Instagram