Категории

Еве како можете да останете будни и без кофеин

Дали ви е познато она лошо чувство кое ви се јавува додека посегнувате по уште една шолја кафе само за да го преживеете денот?

Кофеинот е стимуланс па затоа не е најдобра идеа да се посегне по додатна шолја кафе ако се чувствувате уморно после пладне или вечер. Во тој случај веројатно ви е познато и она чувство на анксиозност кое ви се јавува пред легнување во кревет. Независно од тоа дали сакате да го намалите внесувањето на кофеин или потполно сте се ослободите од завиноста, постојат бројни начини на кои можете да останете фокусирани.

Слушајте музика
Слушањето на вашата омилена музика влијае на бројните делови на мозокот кои можат да ве мотивираат, да ви го поправат расположението и да го подигнат нивото на енергија. Музиката создава чувство на возбуда во вашето тело така што го зголемува протокот на кислород спрема вашето срце и го поттикнува создавањето на енфорфин. Интересно откритие е тоа што класичната музика посебно помага во концетрацијата и опуштањето.

Конзумирајте повеќе вода
На човечкиот организам му се потребни големи количини вода за правилно да функционира поради што добро е секогаш да имате шише вода при рака. Во спротивно, дехидратацијата лесно ќе го спушти нивото на вашата енергија.

Излезете на свеж воздух
Кога се чувствувате уморно излезете на свеж воздух и малку сончеви зраци можат да направат чудо. Искористете ја паузата за ручек за да прошетата, сончевите зраци и физичката активност ќе ги активираат центрите на вашиот мозок кои се задолжени за помнење и ментална енергија, а всушност тоа ви е потребно во тој миг.

Дишете длабоко
Научно докажано е дека длабокото дишење помага во намалувањето на стресот и анксиозноста (појави кои никако не ја зголемуваат продуктивноста.) Исто така поради големата количина на кислород кој влегува и излегува од вашето тело можете да се чувствувате полни со енергија.

Јадете здрав оброк
Конзумирањето на чоколадни плочки кои притоа содржат кофеин веројатно не е најдобрата идеа бидејќи после брзиот налет на енергија уште побрзо ќе довиеете пад. Ако ви паднал шеќерот во крвта (поради што можете да се чувствувате поспано) време е за ужина богата со хранливи материи. Морковите, портокалите, оревите, авокадото се одлични опции. Исто така бидете внимателни со ручекот – немојте да конзумирате премногу големи оброци од кои подоцна ќе ви се спие.

Жвакајте гуми за жвакање
Жвакањето гума за жвакање може да биде повеќе од само освежување на здивот – докажано е дека може да ја зголеми будноста и енергијата и може да ви помогне да останете фокусирани на задачата која е пред вас.

Прегледи:
612
Објавено на:
25.05.2020