Категории

ЕВЕ ШТО ЌЕ ВИ СЕ СЛУЧИ АКО ЈАДЕТЕ ПО 3 УРМИ НА ДЕН ВО ТЕКОТ НА 12 ДЕНА – ДЕФИНИТИВНО ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ

Дали некогаш сте размислувале што ќе Ви се случи, ако почнете да јадете урми?

– Веројатно не.

Повеќе од луѓето не размислуваат за урмите и нивното влијание врз здравјето. Но ако почнете да јадете по 3 урми на ден еве што ќе се случи…

Хранливи се – Првото нешто што ќе забележите е дека урмите се многу хранливи. Не е потребно да земате дополнителни витамини, ако јадете по 3 урми на ден. Тие содржат бакар, калиум, витамин Б­6 и магнезиум.

Го подобруваат варењето – Тие се одлична храна за варење. Ако имате проблеми како запек или други проблеми со дигестивниот тракт, урмите можат да ви помогнат. Тие содржат растителни влакна, кои се лековити и го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево. Урмите се препорачуваат и за лекување на хемероиди.

Урмите како аналгетик – Поради тоа што содржат многу магнезиум, урмите можат да ја ублажат болката и да помогнат при оток. Истражувања откриваат дека магнезиумот во урмите би можел да помогне за намалување на артериските воспаленија, да го намали ризикот од срцеви заболувања, како и голем број други воспаленија.

Урми за здрава бременост – Во една студија биле испитувани 69 жени при што дошло до заклучок дека ако жените јадат урми за време на последните 4 недели до породувањето, тоа ќе биде помалку болно. Урмите на ист начин помагаат при слабеење по бременоста.

Урмите како лек за висок крвен притисок и мозочен удар – Магнезиумот кој го содржат урмите е корисен и кога станува збор за висок крвен притисок. Калиумот во урмите исто така е корисен, бидејќи помага за подобра работа на срцето и го намалува крвниот притисок. Урмите имаат некакво влијание врз ризикот од мозочен удар. Седум различни студии докажаа дека магнезиумот го намалува ризикот од мозочен удар за околу 10% на секои сто милиграми магнезиум, ако се зема секојдневно.

Ја подобрува работата на мозокот – Има студии кои докажуваат дека урмите се многу корисни за здравјето и работата на мозокот и можат да ви го изострат умот ако ги јадете секојдневно со што може да си ја подобрите и меморијата.

Прегледи:
1891
Објавено на:
02.09.2016