Уште од мали, нашите родители не учат на некои правила кои во иднина прераснуваат во наши навики кои ги применуваме. Една од нив е местењето на креветот наутро, откако ќе се разбудиме.
Оваа навика ја прави собата да изгледа педантно, средено и претставува добар почеток на еден продуктивен ден.
Што ако местењето на креветот наутро е тесно поврзано со вашето здравје? Верувале или не, оваа навика може да ве разболи. Еве зошто треба да престанете да го местите креветот наутро!
Истражувањата покажуваат дека местењето на креветот креаира средина погодна за развивање на бактерии. Повеќето луѓе се потат кога спијат, креирајќи топла и влажна средина за микробите да се размножат.
Кога ќе се разбудите наутро, чаршавот е сеуште загреан кога го покривате со прекривката. Па поради тоа, дури и доколку не се потите во спиење, овие бубачки наоѓаат топло место под прекривката и се хранат со невидливите мртви клетки од кожата.
Овие бактерии се ужасни за луѓето кои се алергични на прашина или имаат астма. Доколку ви се појави црвенило или чешање на кожата, консултирајте се со доктор, бидејќи овој пробем може да настане токму поради вашата навика да го местите креветот наутро.