Категории

Факти за планетата Марс кои морате да ги знаете

Голема количина од научната фантастика напишана во текот на 20-ти век е резултат на верувањата дека на Марс постои живот. Од мали, зелену луѓе, до смртоносни зрачења, Марсовци кои биле во фокусот на многу телевизиски и радио програми, стрипови, филмови и новели. Иако се открива дека на Марс има живот уште од 18 век, на крајот се покажало како лажно, Марс е сепак планета која покрај Земјата има услови за живот.

Како таква, неодамнешните планетарни мисии се обидувале да утврдат дали постои и најосновна животна форма на површината на планетата. Иако резултатите покажуваат дека на површината на Марс не постои живот, научниците шпекулираат дека условите за живот се погодни и под површината на планетата. Бидејќи мисијата треба да биде допрва тестирана,постојат можности за минат и сегашен живот.

Но и покрај тоа што знаеме дека Марс е четврта планета во Сончевиот систем, наречена е по римскиот бог на војната и е најмала планета во сончевиот систем после Меркур, а што уште знаеме за црвената планета?

Ви претставуваме некои факти и занимливости за оваа планета кои треба да ги знаете:

КОПНЕНА МАСА И ГРАВИТАЦИЈА НА МАРС
Марс е оддалечен 227,940,000 километри од Сонцето. Копнената маса на Марс и Земјата е доста слична. И покрај тоа што Марс е само 15% и 10% од масата на Земјата, всушност има слични копнени површини, затоа што водата покрива околу 70% од површината на Земјата. Површинската гравитација на Марс изнесува околу 37% од гравитацијата на Земјата. Тоа значи дека на Марс може, во теорија да скокнете два пати повеќе од она на Земјата.

МИСИЈА НА МАРС
Само 16 од 39 мисии за Марс се успешни. Почнувајќи од Советскиот Сојуз кој го лансира Марсник 1 во 1960 година.

ДЕЛОВИ ОД МАРС НА ЗЕМЈАТА
Парчиња од Марс се пронајдени на Земјата. Се верува дека тоа се мали количини атмосфера на Марс биле внатре во метеорит кој го исфрлила оваа планета. Овие метеорити орбитирале во соларниот систем милиони години со останати објекти, пред да паднат на Земјата. Проучувањето на овој материјал им дал прилика на научниците да откријат нешто повеќе за Марс.

НАЈВИСОКАТА ПОЗНАТА ПЛАНИНА ВО СОНЧЕВИОТ СИСТЕМ
Највисоката позната планина во Сончевиот систем се наоѓа на Марс. Олимпус Монс е вулкан висок 21 километар а пречникот на оваа планина изнесува 600 километри. Научниците откриле многу докази вулканска лава која сугерира дека вулканот е активен и понатаму.

ОЛУЈИ НА МАРС
Марс доживува огромни олуји прашини – најголеми во нашиот соларен систем. Ова е поради елиптичниот облик на орбитата на планетата околу Сонцето. За разлика од другите планети, орбитата на Марс е издолжена и резултира со жестоки олуји кои прекриваат цела планета, а може да траат и до неколку месеци.

ПОЛАРНИ КАПИ
Марс е единствена планета покрај Земјата која има ледени поларни капи. Северната капа се нарекува Планум Бореум, а јужната Планум Аустрале. Под овие капи е пронајдена замрзната вода.

ОРБИТАТА НА МАРС И ГОДИШНИТЕ ВРЕМИЊА
На Марс му се потребни 687 земски денови да заврти околу Сонцето. Исто така има и годишни времиња како и Земјата но траат два пати подолго. Тоа е затоа што Марс на својата оска е навален околу 25,19 степени, а тоа е слично на аксијалниот наклон на Земјата од 22,5 степени.

МАГНЕТНО ПОЛЕ
Марс нема магнетно поле, иако многу научници веруваат дека имал магнетно поле околу четири милијарди години.

МАРСОВИ САТЕЛИТИ
Два марсови сателити, Фобос и Дејмос се опишуваат во романот „Гуливеровите патувања“ од авторот Џонатан Свифт – 151 година пред да бидат откриени.
Моментално на Марс се наоѓа Насина сонда Инсајт, која ја истражува внатрешноста на Марс. Научниците се надеваат дека ќе откријат како пред 4,5 години се формирале камените планети на нашиот соларен систем и зошто толку се разликуваат.

Прегледи:
1593
Објавено на:
12.10.2020