Категории

Фантастичен рецепт за подготвување домашни чоколадни јајца

Оваа година не купувајте чоколадни јајца, обидете се сами да ги направите. Ви го прикажуваме овој одличен рецепт, кој иако не се приготвува пребрзо, добиените чоколадни јајца се навистина вкусни.

Полнети чоколадни јајца

Состојки: По 200 гр. лешници, ореви, маргарин и шеќер, 150 мл вода, 100 гр. чоколадо за готвење, 150 гр кекси, глазура: 200 гр чоколадо за готвење, 6 лажици масло, шарени трошки.

Подготовка:

 

  • Ставете го шеќерот во водата.
  • Додадете коцка маргарин, потоа тргнете го од ринглата и чоколадото стопете го на пареата.
  • Помешајте го чоколадото со сирупот, додадете лешници, ореви и мелени кекси.
  • Кога ќе се олади смесата, ставете ја во калапи за јајца или рачно обликувајте јајца од смесата.
  • Ставете ги во фрижидер два часа.
  • Извадете ги јајцата од калапот па полијте ги со подготвената глазура и одозгора нанесете ги шарените трошки.

Прегледи:
546
Објавено на:
31.03.2018