Категории

Фејсбук го слави 12-от роденден, а вам ви подарува посебно видео

Фејсбук денес го слави својот 12-от роденден, а за на своите корисници да им оддаде почит и благодарнос, креирана е апликација под називот “Friends Day”.

Станува збор за персонализираната апликација која убавите сеќавања споделени преку Фејсбук ги претвора во видео кое можете да го споделите со своите најблиски пријатели.

Опцијата потсеќа на “Year in review” видеата кои масовно се користеа на преминот од 2015 во 2016 година, а во кои видеа беа содржани најистакнатите случувања од претходната година.

“Friends Day” наместо фокусот на минатата година ги дава искуствата со пријателите низ годините.

Доколку не сте го виделе своето “Friends Day” видео, Фејсбук ветува дека ќе можете да го погледнете во текот на денот, а ќе се појави на врвот на вашиот “News Feed”. Исто така, ќе можете да го погледнете своето персонализирано видео и преку опцијата “watch yours” откако ќе ја прегледате содржината на вашите пријатели.

“Friends Day” видеото ќе можете да го едитирате по сопствена желба, а примарната верзија ќе ја креира Фејсбук и тоа врз основа на бројот на лајкови, коментари и споделувања.

Фејсбук денес има повеќе од милијарда дневни корисници, а бројот на корисници на неговата апликација “Messanger” полека се приближува кон тој магичен број.

Прегледи:
421
Ознаки:
·
Категории:
Технологија
Објавено на:
04.02.2016