Категории

ФЕНОМЕНОТ ГЛЕДАЊЕ НИЗ ПРОЗОР ИЛИ СОНУВАЊЕ СО ОТВОРЕНИ ОЧИ

Колку пати ви се случило да се фатите себеси како гледате низ прозорецот наместо да работите, учите, читате или да правите нешто „попаметно“? Верувајте не сте единтвени и воопшто не треба да се чувствувате лошо поради тоа. Погледнете зошто.

Гледањето низ прозор често го дефинираме како губење драгоцено време кое во овој брз свет навистина го немаме. Исто така го поврзуваме со досада, депресија, губење на концентрација и непродуктивност. Моментот кога ќе си ги ставиме рацете под брадата и со погледот ќе се загубиме некаде во далечината низ прозорецот не е баш омилен и веднаш се прекоруваме поради тоа. Никогаш на никого не сме кажале „Имав одличен ден денес: најзабавно ми беше додека зјапав низ прозорот.“ Но, можеби како што поминуваат годините и како што се менува општеството токму ова ќе биде клучниот момент.

q2

Целта на ова гледање низ прозор не е да дознаеме што се случува надвор, напротив, тоа служи за да дознаеме што се случува внатре во нашиот мозок. Тоа е вид на вежба со која ја откриваме внатрешноста на нашиот мозок и мисли. Голем дел од она што сме е внатре во нас, односно не го покажуваме пред целиот свет, па така и потенцијалот кој го имаме лежи длабоко во нас. Зјапањето низ прозор може да ни помогне да допреме до тоа нешто внатре, да ги слушнеме сите внатрешни гласови и сугестии кои можат да ни помогнат со секојдневните обврски.

За да дојдеме во допир со внатрешноста, на мозокот му се потребни моменти на целосен мир. Да, забележуваме се што се случува надвор: децата си играат, летаат птици, бијат камбаните, но тоа го гледаат само очите додека мозокот е некаде далеку, на некое мирно и релаксирано место.

q3

Овој феномен кој уште се нарекува и сонување со отворени очи (затоа што многу често се случува да зјапаме и во ѕид или некоја друга далечна точка) не е признат од социолозите кои се опседнати со продуктивност. Но сепак, некои од најголемите изуми и откровенија се случуваат токму во моментот кога ќе се откажеме од продуктивноста и работата со што мозокот се ослободува од притисокот и се опушта. Ваквото сонување со отворени очи или зјапање низ прозор е стратегија со која мозокот се справува со големиот број обврски и барања од општеството, притисокот и стресот.

q4

Па сега откако дознавте зошто всушност поминувате време зјапајќи низ прозор и се чувствувате лошо поради тоа, немојте. Дозволете му на мозкот да се одмори и релаксира.

Прегледи:
644
Објавено на:
26.07.2016