Категории

Филип Пешевски со видео запис за својата втора песна „Крај мене во бело си“! (ВИДЕО)

Откако дебатираше со својот прв хит и видео запис за песната „Кукло моја несудена“, младиот и талентиран Филип Пешевски ја издаде и својата втора песна – „Крај мене во бело си“.

„Комплетната идеја за песната е на Филип, музиката ја напишал сам, аранжманот е на Никола Автовски, а текстот на Елвир Мекиќ“.

Целосната замисла за спотот и неговата режија е исто така на талентираниот Филип, а реализирана е во „BlackMagic“ Продукција. Спотот е сниман три месеци на различни локации низ Македонија, а за неговите потреби биле ангажирани околу 85 статисти кои допринеле за одличниот изглед и остварување на видео записот.

„Се надевам дека во ова „лудо“ време на лаги, измами и неверства, публиката ќе ја разбере пораката на песната и видеото!“, вели Филип.

Погледнете го новиот видео запис и уживајте во гласот на младиот Филип Пешевски.