Британското кралско семејство деновиве го одбележа вториот роденден на принцот Луис од Кембриџ, а неговата мајка војвотката Кетрин сподели неколку преслатки фотографии од принцот како си игра со бои
На официјалниот Инстаграм профил на војводата и војвотката од Кембриџ беа објавени фотографии од принцот Луис кој на 23 април го прослави својот втор роденден.
Како и обично, позади објективот се наоѓаше гордата мајка Кетрин која од аматерска вљубеничка во фотографирањето, стана вистински професионалец па неретко објавува фотографии кои ги фотографира самата таа.
Малиот Луис по се изгледа како вистинско весело и разиграно дете, а исто така и го обожава цртањето а боите на неговите раце беа во знак на поддршка на британските болници и здравствени организации ширум земјата.