Категории

Фотограф ја споделува приказната позади оваа неверојатна фотографија

Шведскиот фотограф  Bernd Nowack има љубов кон надворешниот свет. Всушност, често шета низ шумата Sihlwald, каде што може да ги цени деталите на природата. Тој е обожавател на транзициите од ден кон ноќ, и тоа го донело до изработката на неговата највирална фотографија – полна месечина фатена во совршена симетрија зад само дрво на рид.

Nowack ја раскажува својата приказна за совршената фотографија:

„Многу е убаво чувствити кога месечината ќе се намести како што сакате да се намести. Прво, планирав еден месец, па го чекав правото време, па ја одлучував локацијата каде што треба да стојам за да бидам на правата позиција во правиот момент – со 600 mm телелеќа. Месечината се движеше многу брзо, па нема многу опции за променување на локацијата. Сакав таа да биде сосема симетрична со дрвото.

Нажалост, сликата е толку вирална што понекогаш не се поврзува со моето име. Убаво е кога ќе видам колку импакт сум направил, но се нервирам кога знам дека на многу места се има појавено без мое знаење. Видов и дека некој направил тетоважа по мојата фотографија!“

Се надевам дека луѓето ќе запомнат дека добра слика не е само клик на дугме. Многу работа и истражување оди во местењето на фотографијата, и има многу неуспешни обиди пред да се погоди совршената фотографија.“

Прегледи:
623
Категории:
Фотографија
Објавено на:
05.10.2020