Необичен концепт од разновидна кујна, современ дизајн и љубовна приказна е описот на SymmetryBreakfast или „Симетричниот појадок“.
Создаден од, сега познат инстаграмџија, а инаку фотограф на храна и посветен сопруг Michael Zee. Шангајскиот фотограф создава со љубов, за љубов. Симетрични појадоци за неговата љубов преку кои стана надалеку познат и се издвои со неговата уникатност од многуте чија пасија е фотографирањето на храна.
Скоја слика има слична поставеност, 2 главни чинии во зависност од храната, кои се симетрично поставени и исполнети со пропорционална количина на храна. Фотографирани одозгора, покрај уметничкиот шмек кој го имаат, од фотографиите може да се забележи и доброто приготвување на истата.