Категории

Фотографии направени веднаш по земјотресот во Скопје 1963 година

Во раните утрински часови, на 26. јули 1963 година, Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Повеќе од 75% од инфраструктурата на градот беше уништена, животите ги загубија повеќе од 1.000 луѓе, а 3.000 беа повредени. Вестите за ужасната катастрофа се пренесуваа на глобално ниво, а помош и донации пристигнуваа од сите краишта на светот.

Ова се фотографии кои се направени веднаш по земјотресот на кои се прикажани најтешките моменти за нашиот главен град. Погледнете во каква состојба биле Офицерскиот дом, Старата Скопска чаршија, плоштадот Слобода, Скопски Саем и уште многу други објекти кои се главни обележја на Скопје.