Категории

Фотографија која ги преплави социјалните мрежи: Како изгледала Меган Маркл во детството?

Откако станала дел од британското кралско семејство, Меган Маркл привлекува големо внимание каде и да се појави, а нејзиниот стил го копираат многу жени ширум светот. 

Пред да се омажи за принцот Хари, Меган ја градеше кариерата како актерка, а нејзината постара пријателка Кетрин МекФи сега на Инстаграм поделила нивна заедничка слика од детството.

„Меган и јас како деца заедно глумевме во мјузикли. Таа стана Војвотка од Сасекс, а јас ѕвезда на Вест Енд, ист живот ако ме прашате мене“, напишала таа под фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katharine McPhee (@katharinemcphee) on


Поранешната учесничка на Американскиот идол во детството се дружела со Меган, а подоцна заедно изведувале и мјузикли. МекФи денес пее и глуми и на Бродвеј и лондонскиот Вест Енд.