Категории

Фотографија на денот-Колку всушност е загаден воздухот во Скопје?

Попладнево, најзагадена скопска станица е Лисиче. Според податоците на мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во 18 часот концентрацијата на ПМ10-честичките во Лисиче била 576,32 микрограми на метар кубен, во Гази Баба 547, кај Ректорат 520,01, во Карпош 379 и во Миладиновци 223,40.

Синоќа мерните станици измерија рекордна загаденост во општина Карпош, каде нивото на ПМ10-честичките било 24 пати над максимално дозволената граница пропишана во Европската Унија, која изнесува 50 милиграми честички на еден кубен метар. Количината на штетните честички во 22 часот во оваа општина била 1218,63 микрограми, 803,97 кај Ректорат во 21 часот, 778,33 микгрограми во Лисиче на полноќ, 719 во Гази Баба во 23 часот и 388 микгрограми во Миладиновци во 06 часот.

Прегледи:
464
Објавено на:
06.02.2017