Категории

Француски шмек и балкански мелос со „Ана Кап, Џијан Емин и Гудачи“

Оваа сабота, на 29 февруари во Камерната сала на Филхармонија во 20 ч., концерт ќе има извонредното француско трио „Ана Кап“, заедно со македонскиот диригент и композитор Џијан Емин, како и со Гудачки квартет во состав: Марија Трајковска – виолина, Бојан Илкоски – виолина, Оливие Самуилан – виола (Франција) и Марија Михајловска – виолончело.

Ана Кап Триото – Пјер Миле, труба, Мануел Декок, виолина и Жан Мишел Трото, хармоника, веќе имаа концерт во Филхармонија кога го презентираа фантастичното „Траума шоу“.

Овој заеднички проект ќе донесе сосема нова музика, до сега неотсвирена, која во моментот се снима за нов албум кој треба да излезе за неколку месеци. Премиерно ќе бидат отсвирени композиции на Пјер Миле, Мануел Декок, Жан Мишел Трото и Оливје Самуилан.

Инаку, концертот „Ана Кап, Џијан Емин и Гудачи“ ќе претстави музика која во себе ги инкорпорира европските и балканските мелоси, а во кои се мешаат танцовите форми, џезот, класиката…

Прегледи:
521
Објавено на:
28.02.2020