Категории

Француски трик за зголемување на усните

Не морате да правите драстични чекори за да имате полни усни.

Французинките знаат како тоа да го постигнат само со кармин и моливче за усни и тоа по пример на француската иконата за убавина Brigitte Bardot.

Оваа севременска убавица остана запаметена по прекрасната руса коса, мачкастиот поглед и полните усни со нежна розова боја.

Токму нејзините усни им биле инспирација на многу Французинки за да го развијат овој трик за зголемување на усните.

1. Секогаш внимавајте моливчето за усни да одговара на природната боја на вашите усни.

2. Нанесете го моливчето за усни на надворешниот раб на усните за визуелно да го зголемите нивниот волумен.

3. Французинките се познати по својата суптилна шминка. Немојте да претерувате со исцртување на лакови на усните, бидејќи нема да бидете задоволни со конечниот резултат.
Сепак имајте на ум дека повеќето од нас немаат совршено симетрични усни, па израмнувањето е повеќе од дозволено.

4. Исполнете ги рабовите на усните со кармин. Ако имате проблеми со цртањето на рамни линии, насмејте се. Насмевката ќе ги нагласи линиите на усните и ќе ви ја олесни работата.

Во прилог погледнете го видеото на мејкап артистката Charlotte Tilbury и погледнете како тоа таа го прави секако по пример на Brigitte Bardot.

Прегледи:
567
Објавено на:
26.04.2016