Категории

Французинките ги откриваат своите најважни тајни за убавина

Тајните по кои со децении се трагаше, веќе се откриени!

Кога се работи за убавината, невозможно е да не ги спомениме шармантните и неодоливи французинки кои се познати по својата лежерна елеганција и ноншалантна префинетост која се провлекува низ нивниот стил. Веќе со децении се трага по нивната тајна, но се чини дека единственото нешто кое е потребно е да се поседува тој француски chic во себе. Една beauty уредничка од Париз ги откри најважните тајни за убавина на француски дами.
Таа вели дека нивното мото е „совршено несовршенство“ и тоа е единственото нешто кон кое се водат дамите во Франција.

1.ПОДГОТОВКАТА Е НАЈВАЖНА
Французинките водат беспрекорна грижа за својата кожа. Тие повеќе посветуваат внимание на нејзиното третирање и негување отколку на шминката. За нив шминката треба да ја истакни природната убавина а не да служи како „маска“. Чистењето на кожата е најважно како и нејзината хидратација за таа да биде свежа, блескава и затегната. Французинките обожаваат да комбинираат повеќе видови на серуми за лице во комбинација со природни масла.

2.ЗДРАВА ИСХРАНА
Изреката „тие си она што јадеш“ може да се забележи на убавината на французинките затоа што според нив не е важно она што се нанесува на лицето туку она кое што се внесува во организмот. Трудете се да конзумирате органска храна колку е можно почесто и да внесувате помалку шеќер.

3.АКТИВНОСТ
Кога се работи за вежбање, важи ова правило – одете во теретана само ако и така се чувствувате и ако вистински го сакате тоа. Треба да пронајдете задоволство во се што правите, но никогаш не е добро да бидете заглавени во рутината. Французинките не се големи обожавателки на теретаната, но затоа применуваат други физички активности за да ја одржуваат својата линија. Пронајдете ја вашата идеална физичка активност и држете се до неа.

4.ФРИЗУРАТА Е КЛУЧНА
Кога се работи за фризурата, на французинките заштитен знак им е сјајната и здрава коса и messy изгледот, но косата никако не треба да изгледа суво и оштетено. Исто така важи и правилото да пронајдете идеална фризура која одговара на вашиот лик и да ја одржувате таквата коса.

5.НИКАДЕ БЕЗ ЦРВЕН КАРМИН
Кога се работи за убавината, црвениот кармин е неизоставен. Тој е своевиден заштитен знак на француската убавина, а самите французинки кажуваат дека црвениот кармин е всушност и моден додаток. Со него не е потребно да носите друг вид на шминка – важно е вашата кожа да е здрава и блескава, а црвениот кармин ќе го заврши останатиот дел од работата.

6.БЕЗ КОНТУРИРАЊЕ ВЕ МОЛАМ!
Кога е во прашање француската убавина, зборот контурирање – не постои! Французинките сметаат дека контурирањето изгледа помалку застрашувачки како ги променува линиите на лицето. Наместо тоа тие ги нагласуваат одредени делови на лицето. Тие преферираат руж кој ќе ги истакни нивните јаболкници и хајлајтер на испакнатите делови од лицето.

7.SMOKEY EYES НА ФРАНЦУСКИ НАЧИН
Освен црвениот кармин, во француската убавина постои еден неизоставен поим. Се работи за smokey eyes но во францускиот речник има messy предзнак. Тие откриваат дека за овој изглед ви е потребна кремаста сенка која ќе ја избледнате со помош на прстите. Тие нанесуваат молив за очи на работ од коренот на трепките и го размачкуваат така што добиваат изглед на „мачкести очи“. Но клучот е во тоа да не се претера со продуктот затоа што може да се добие спротивен ефект.