Категории

Фризурата ве издава – Што должината на вашата коса открива за вас?

Кратка, средна, долга или многу долга коса? Должината на вашата коса може да открие многу нешта за вашиот карактер.
Различни фризури – различни особини.

ДАМИТЕ СО ДОЛГА КОСА СЕ НЕКОМПЛИЦИРАНИ
Кој се одлучува за долга коса, воглавно останува при својата одлука. Наместо да трчаат по новите трендови, жените со долга коса остануваат верни на својот изглед. И зошто не би? Долгата коса е секогаш популарна. Освен тоа, долгата коса е и многу практична, затоа што едноставно може да се заврзи во коњско опавче и не и е потребно многу време за стилизирање. Тоа е должина која е практична и некомплицирана баш како и жената која ја носи.

ДАМИТЕ СО СРЕДНО ДОЛГ БОБ СЕ ВЕРНИ И ФЛЕКСИБИЛНИ
Боб фризурата спаѓа помеѓу гласиците која со помош на модни додатоци и разни стајлинзи може да се носи на различни начини. Тоа е фризура која е верна и флексибилна еднакво како и жената која ја носи.
Боб фризурата е негде помеѓу кратка и долга коса – тоа „измеѓу“ многу добро го познаваат жените кои ја носат. За нив е карактеристично тоа што се најодлучни личности.

ДАМИТЕ СО КРАТКА КОСА СЕ ХРАБРИ
Жените кои се одлучуваат да ја скратат косата се храбри и самоуверени. Кој има кратка коса не може да се крие позади неа. Значи треба да се има одредена доза на храброст за кратка коса.