Категории

Фудбалер од Италија излечен од корона вирус

Неговиот клуб потврди дека фудбалерот е потполно оздравен и дека двата тестови направени во рок од 24 часа дадоа негативен резултат

Болницата во Сиена потврди потполно опоравување на 23-годишниот играч. Не само од клинички аспект, туку веќе неколку денови нема никакви симптоми. Двата теста направени во рок од 24 часа покажаа негативен резултат – се наведува во соопштението од клубот.

На крајот на месец февруари беше објавено дека фудбалерот Пјанезе е заразен со вирусот COVID 19, а вирусот беше дијагностициран и кај двајца негови соиграчи и еден вработен во клубот.

Прегледи:
477
Објавено на:
10.03.2020