Овој изум е како создаден за сите оние коишто живеат во големите градови, а сепак имаат мали станови.
CityHome е уред со големина и облик на плакар, којшто е развиен од страна на славниот Институт за технологија во Масачусетс (MIT). А во неговата внатрешност се сместени кревет, работна маса и трпезариска маса и тоа за дури шест лица.
А за сето ова да биде уште поспектакуларно, механизмите за отворање и поместување на мебелот се активираат далечински – со движења на рацете!
И секако, веруваме дека цената на овој револуционерен изум би била толку висока, што за тие пари слободно би можело да се обезбеди и вистинско зголемување на животниот простор, но ни се чини дека сепак вреди да го погледнете овој видео запис, бидејќи идеите се корисни и можат практично да послужат дури и без далечински решенија за поместување на елементите.
Во рамките на уредот CityHome ќе наидете дури и на мал кујнски пулт и ормар, а сето тоа делува уште повеќе футуристички поради невообичаениот систем за осветлување. Притоа, командите се активираат гласовно, со допир или со движења на рацете.
За сето ова да биде уште повеќе импресивно, целиот уред може да се помести за околу еден метар во лево, со што се проширува простор за бања.
Погледнете: