Категории

„ГЛАС НА НОВАТА СЦЕНА“ – студентска изложба на Школата за дизајн и уметност „Скала“

Школата за дизајн „Скала“ на 13 октомври ќе ја одржи најголемата студентска изложба „Глас на новата сцена“, под слоганот: „Сцената е твоја – дизајнирај ја!

Изложбата ќе се одржи во просториите на „Јавна Соба“ со почеток од 20:00 часот, а во рамките на истата, ќе бидат прикажани делата на студентите од академиите за графички дизајн, моден дизајн, ентериер и продукт-дизајн, визуелни уметности (мултимедија) и UX/UI + дизајн.

 

Посетителите ќе имаат можност да погледнат над 500 дела на повеќе од 70 студенти од генерацијата 2022/2023 и тоа: фотографии, илустрации, филмови, графички дизајн-решенија, дизајн на мебел, проекти за ентериерно уредување, модни креации и модни илустрации, како и работни процеси, технички цртежи, скици и сл.

 

Шеста година по ред прославуваме заедно со нашите студенти. Глас на новата сцена“ е изложба посветена на развојот на нашите студенти, претставување на нивните проекти, како и пречек на нивните идни колеги.

 

Вистинска можност е да се запознаете со менторите и делата на студентите од академиите за дизајн, како и да споделите инспиративни разговори и размисли со тимот на Скала. Поради големиот интерес, уписите за новата академска година се сѐ уште во тек, довербата и резултатите за нашите академии се големи и препознаени, а засега се преостанати мал број на слободни места. Ве очекуваме!“  – ни споделија од Скала.

 

Изложбата „Глас на новата сцена“ е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија