Категории

Главни карактеристики на жена каква што секој маж посакува

Најпосакуваната жена за врска или брак ги поседува токму овие карактеристики

Секоја жена и маж веројатно имаат своја слика за тоа што најмногу сакаат кај партнерите. Секоја жена посакува да биде пожелна и посакувана, и додека светот постојано се обидува да открие кои карактеристики се најпожелни кај жените, вистината е дека постојат различни мислења. Но со сигурност можеме да кажеме дека најпосакуванита жена која секој маж сонува да ја има покрај себе ги има токму овие карактеристики:

Не трча по другите
За неа тоа е губење на време, е и испод нејзиното достоинство. Таа е премногу зафатена и фокусирана на себеси и создавање на подобар живот за себе. Тоа е она кое што ја прави толку пожелна, безгрижниот самоуверен став.

Има контрола врз своите чувства
Таа нема да плаче за секоја пропадната врска или неуспех во животот. Наместо тоа, таа знае да ги контролира своите емоции. Не поминува време во негување на односи кои не допринесуваат на нејзиниот напредок. Таа не прави драми.

Избегнува оговарање
Пожелната жена го поминува своето време на по продуктивен начин и е свесна дека оговарањето не води никаде. Трачевите, празните приказни се резервирани за „средношколките“ а не за зрелите и самоуверени жени.

Таа не бара внимание
Таквата жена не поставува илјадници селфи фотографии и не го променува статусот на врската на друштвените мрежи секогаш кога ќе се заљуби. Таа не сака целиот свет да знае за нејзиниот приватен живот. Кога се зборува за неа, се зборува за нејзините значајни постигнувања и успеси. Таа не се обидува да скрене внимание врз себе на секој можен начин.

Има различни хобија
Пожелната жена постојано се труди да стане подобра на сите можни начини. Доколку и се допадне некоја активност таа ќе и посвети максимално. На тој начин го елиминира стресот и се надоградува себеси. Таа ужива во нештата кои и донесуваат задоволство и среќа.

Не ја губи својата личност кога е во врска
Било да се работи за врска или брак, пожелната жена не го губи својот карактер. Таа има свој живот и надвор од врската и нејзиниот свет не се врти исклучиво само околу партнерот. Никогаш не се откажува од своите цели и соништа кога е љубовта во прашање. Таа не дозволува да го изгуби својот идентитет. Сама донесува одлуки кога се во прашање нејзините цели и достигнувања. Таа води свој живот и покрај животот со партнерот.

Одлична е во комуникацијата
Таа има јасни мисли а нив ги покажува преку одбрани зборови. Зборува со самодоверба и нејзината комуникација е заснована на чувствата. Таа не се труди да им се допадне на другите, го зборува она што го мисли и смета дека е исправно без оглед на тоа дали ќе им се допадне на другите или не. Таа е искрена, умее да слуша и да даде совет доколку и побарате.

Прегледи:
645
Објавено на:
07.01.2020